Поради последните обилни врнежи од снег, засилен ветер и пораст на дневните температури, на територијата на Националниот парк Шар Планина е забележано значително зголемување на лавинска опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција, предупредуваат од Паркот.
– Апелираме до сите посетители, планинари и љубители на зимските спортови: движете се внимателно во планински услови, избегнувајте ризични и стрмни терени, користете соодветна безбедносна опрема. Планината е прекрасна, но бара одговорност. Информираноста и добрата подготовка се клучни за безбедно уживање во природата – објавија од Паркот на нивната страница на Фејсбук.