КАМИОН УСМРТИ 75-ГОДИШЕН МАЖ КАЈ ПОДМОЉЕ Трагична сообраќајка на патот кон Струга

Рано утрово 75-годишен маж од Ливада загина на магистралниот пат Подмоље-Струга откако беше удрен од товарно возило. Полицијата и Итната помош реагираа веднаш, а причините за несреќата се во тек на истрага.

345

Рано утрово, околу 06:30 часот, животот го загуби 75-годишниот У.Д. од струшкото село Ливада, откако беше удрен од товарно возило „ман“, управувано од 52-годишниот А.А. од Република Албанија.

Несреќата се случила на магистралниот пат Подмоље-Струга, а пешакот починал на самото место. Лекар од Итна медицинска помош во Струга констатирал смрт, а увид на местото извршила полицијата.






Семејството информира дека У.Д. околу 06:05 часот се оддалечил од домот на свој роднина во струшкото село Мислешево и имал здравствени проблеми, што можеби придонело за трагичниот исход.

Полицијата работи на целосно расветлување на настанот.

Поврзани содржини