📽️ БАKА ПРАСЕ СЕ СНИМАШЕ ПОКРАЈ СВОЈОТ ИЗГОРЕН „МЕРЦЕДЕС БРАБУС“ „Само исполирајте го и ќе биде како нов“
Оглас за автомобил „брабус 800 4x4“, прв сопственик. 2022 година. Треба малку полирање и е како нов. Во возна состојба. Ентериер по нарачка. Ако сте заинтересирани, пишете ми во директна порака, вели инфлуенсерот низ смеа на снимката. Причината за инцидентот засега не е позната.
Некој го запалил скапиот автомобил на српскиот јутјубер и инфлуенсер Бака Прасе, познат по провокациите и сарказмот. Бака Пасе објави видео покрај својот целосно изгорен „Брабус 800 4×4²“ вреден половина милион евра.
Засега мотивот за палењето не е познат.
Инфлуенсерот го снимал пожарот од својата тераса во населбата Белград Кеј и објавил видео на Инстаграм. Подоцна ја споделил и верзијата на ТикТок.
Возилото било уништено речиси до непрепознатливост, со деформирана каросерија и пеплосана внатрешност.
– Оглас за автомобил „брабус 800 4×4“, прв сопственик. 2022 година. Треба малку полирање и е како нов. Во возна состојба. Ентериер по нарачка. Ако сте заинтересирани, пишете ми во директна порака – вели инфлуенсерот низ смеа на снимакта.
@bakaprase
Hitna prodaja 🙏
Под видеото следеле низа коментари.
„Дали има греење на седиштата?“, прашал еден корисник.
„Има, но отидоа предалеку“, напишал познатиот јутјубер.
Овој модел важи за една од најмоќните и најлуксузни верзии на теренски возила на пазарот. Бака Прасе го купил пред 3 години, но подоцна признал дека се кае за инвестицијата и дека размислувал да го врати.