ВОЗ ВО ШВАЈЦАРИЈА ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ ПОРАДИ ЛАВИНА ОД АЛПИТЕ Има повредени патници, во тек е спасувачка операција
Во моментот кога возот излетал од шините, имало 80-ина патници.
Воз излета од шините утрово околу 7 часот поради лавина од Алпите, во близина на швајцарското село Гопенштајн во кантонот Вале.
Според полицијата, во несреќата се повредени повеќе лица, пренесуваат швајцарските медиуми.
Во тек е спасувачка акција.
Во моментот кога возот излетал од шините, имало 80-ина патници, пренесува швајцарскиот јавен сервис Ер-те-ес