КАТНИ ГАРАЖИ, ДИГИТАЛЕН МОНИТОРИНГ, СЕНЗОРИ, АПЛИКАЦИИ, ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ… Паркингот на Клинички ќе смени личен опис
Со години илајдници луѓе лекувањето го почнуваа со нервоза и неизвесност. Пациентите заслужуваат ред, достоинство и функционален систем - истакна министерот Алиу на прес-конференција.
Со одлуката на Владата донесена во вторникот се овозможи конечно решавање на деценискиот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ – рече денеска министерот за здравство Азир Алиу.
– Се создаде правна основа за потпишување договор со Град Скопје. Договорот ќе биде склучен на 15 години, со закупнина во висина од 10 отсто од вкупно остварениот промет, а Град Скопје ќе почне со проектирање и изградба на катни гаражи и инфраструктурно уредување – рече министерот за здравство.
Според Алиу, проектот ќе предвидува комплетен мониторинг на паркирањето и дигитален водич за граѓаните, хортикултурно уредување на просторот, паметен паркинг-систем со сензори за детекција на слободни паркинг-места, мобилна апликација, поврзување со фискален систем…
– Времето на одложување на проблемите заврши, ова е нова култура – на одговорност. Нашата визија е здравството да функционира и во логистиката, а денес го правиме токму тоа. Со години илајдници луѓе лекувањето го почнуваа со нервоза и неизвесност. Пациентите заслужуваат ред, достоинство и функционален систем – истакна Алиу на прес-конференција.
Тој потсети и дека паркирањето на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ беше најавено како еден од приротетите на Министерството за здарвство.
– Со последната владина одлука донесена во вторникот прашањето со паркингот добива јасна институционална рамка и се отвора патот за негово трајно решавање – рече Алиу.
