МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ИНФЛАЦИЈА ПОД 3% Следува период на развој на земјата
Премиерот оцени дека со домаќински политики од една хаотична ситуација, распаднати институции, уништен систем, доаѓаме во ситуација да можеме да кажеме дека конечно сме консолидирани.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува годишната инфлација да се стабилизра под 3%, а за јануари да има месечен негативен тренд во однос на лани кога беа донесени владини мерки за ублажување на цените.
-Како што веќе во неколку наврати кажав дека оваа година очекувам да се стабилизираме под 3%, да бидеме со годишната инфлација. Очекувам некој месечен негативен тренд, односно опаѓање споредено со минатата година. Минатата година во јануари месец имавме кошничка, така што очекувам оваа година да се движиме тука некаде, околу 3%, нешто можеби под или над 3%, со тоа што ќе имаме негативна тенденција на месечно ниво – рече Мицоски.
Тој додаде дека Државниот завод за ревизија да ги објави параметрите.
– Водиме домаќински политики, водиме политики коишто се во интерес на стандардот на граѓаните. Така работевме до сега, во насока на консолидирање на состојбите во државата. Од една хаотична ситуација, распаднати институции, уништен систем, доаѓаме во ситуација да можеме да кажеме дека конечно сме консолидирани. Сега е потребно да ја развиваме Македонија онаква каква што ја посакуваат сите граѓани – рече Мицкоски.