ТРАМП ВО 2006 ГОДИНА СЕ ЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ ЕПСТИН „Фала му на бога што го запирате, сите знаеја што прави“
Документот, писмен запис од разговор меѓу ФБИ и тогашниот шеф на полицијата во округот Палм Бич, бележи дека Трамп рекол „фала му на Бога што го запирате“ Епстин, додавајќи дека „сите знаеја дека го прави тоа“, пренесе Си-Ен-Ен. Записот сугерира дека Трамп бил меѓу првите што се јавиле во полициската станица откако дознале за истрагата.
Новообјавен документ покажува дека американскиот шретседатеч Доналд Трамп се јавил кратко по стартот на истрагата за сексуалниот престапник Џефри Епстин во средината на 2000-тите, со зборови што денес одекнуваат како политички бумеранг.
Документот, писмен запис од разговор меѓу ФБИ и тогашниот шеф на полицијата во округот Палм Бич, бележи дека Трамп рекол „фала му на Бога што го запирате“ Епстин, додавајќи дека „сите знаеја дека го прави тоа“, пренесе Си-Ен-Ен. Записот сугерира дека Трамп бил меѓу првите што се јавиле во полициската станица откако дознале за истрагата.
Повик што буди сомнежи
Разговорот се поврзува со период околу 2006 година и со поранешниот шеф на полицијата Мајкл Рајтер, чие име е редигирано во дел од досието. Во записот стои дека Трамп рекол оти луѓето во Њујорк знаеле дека Епстин е „одвратен“. За Жилејн Максвел рекол дека е „оперативка на Епстин“, нагласувајќи дека е „зла“ и дека фокусот на истрагата треба да биде на неа.
Записот наведува и дека Трамп опишал ситуации кога бил во присуство на Епстин и тинејџерки, но, како што е забележано, „бегал без грижа“. Овие детали ја продлабочуваат дилемата околу тоа што точно знаел Трамп и кога.
Официјални реакции и молк
Документите се дел од милиони страници од досието за случајот Епстин објавени од Министерството за правда по нов закон на Конгресот. Белата куќа побарала коментар од министерството.
Од таму одговориле дека не се запознаени со поткрепувачки докази оти Трамп контактирал со полицијата пред 20 години. Компанијата за обезбедување поврзана со Рајтер соопштила дека тој во моментов не дава интервјуа.
Раскинато пријателство и контрадикции
Трамп јавно признавал дека со Епстин се дружел во 1990-тите во Палм Бич, но тврдел дека ги прекинал врските на почетокот на 2000-тите, опишувајќи го како „морничав лик“. Според него, конфликтот кулминирал со забрана за влез на Епстин во Мар-а-Лаго, поради обид да презема вработени од клубот.
Трамп негирал дека знаел за злосторствата.
Изјавата на Максвел како „зла“ остро се судира со неговата реакција во 2020 година, кога по нејзиното апсење рече дека ѝ посакува „сè најдобро“.
Максвел издржува долга затворска казна за трговија со луѓе за сексуална експлоатација. Нејзиниот адвокат неодамна изјави дека таа би зборувала „целосно и искрено“ доколку добие помилување. Трамп изјави дека за тоа не размислувал, иако не ја исклучи можноста.