ВО ЕДЕН ДЕН УШТЕ 4 ОДЗЕМЕНИ ВОЗИЛА ВО БИТОЛА Возат без возачка, или со забрана на дозволата

Лицата приведени, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти СВР Битола во дневниот билтен.

656

СВР Битола вчера одзеде четири патнички автомобили, откако при сообраќајна контрола, полициски службеници констатирале дека возилата се управувани од лица кои немаат возачка дозвола, или возачката дозвола им е под активна судска забрана поради сторен прекршок.

Лицата приведени, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти СВР Битола во дневниот билтен, во кој се опишани поединечно конкретните случаи:






На 09.02.2026 во 09:45 часот на ул.„Ѓорѓи Наумов” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.А.(37) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „даеву” со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.А., при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. Во координација со јавен обвинител, возилото било одземено, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.02.2026 во 10:45 часот на патот Прилеп – Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.М.(39) од с.Кривогаштани, прилепско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.М., при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. Во координација со јавен обвинител, возилото било одземено, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.02.2026 во 13:10 часот на ул.„Прилепска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.А.(31) од с. Драгожани, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки, управувано од П.А., при што било констатирано дека го управувал за време на мерка – забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Во координација со јавен обвинител, возилото било одземено, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.02.2026 во 16:15 часот во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Џ.К.(38) од Ресен. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолсваген” со ресенски регистарски ознаки, управувано од Џ.К., при што било констатирано дека го управувал за време додека имал активна забрана за управување возило од Б категорија. Во координација со јавен обвинител возилото било одземено, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини