БРУКЛИН ЈА ПОКРИ ТЕТОВАЖАТА ПОСВЕТЕНА НА НЕГОВИОТ ТАТКО Најстариот син на Дејвид Бекам му зададе уште еден удар на семејството

Бруклин Бекам му зададе уште еден удар на својот татко Дејвид - со тоа што ја прикри тетоважата направена во негова чест, поточно, го скри зборот „Dad“ („Тато“) со три бесмислени форми.

228

Откако ги прекина сите врски со своето семејство, најстариот син во семејството Бекам, Бруклин Бекам, сега Пелц, му зададе уште еден удар на својот татко Дејвид – со тоа што ја прикри тетоважата направена во негова чест.

Тој го скри зборот „Dad“ („Тато“) испишан на неговата тетоважа со сидро, со три бесмислени форми.






The Sun пишува дека извор за медиумот кажал дека Бруклин имал ласерски третман на текстот кој сакал да го отстрани.

Прикривањето на десната рака на Бруклин било забележано додека тој бил во Лос Анџелес со неговата сопруга Никола Пелц.

Тоа ќе се смета за најнова навреда во неговата кавга со Дејвид, мајката Викторија, браќата Ромео и Круз и сестрата Харпер.
Бруклин, 26, рече дека нема желба да се смири со нив, обвинувајќи ги дека шират негативни приказни за него и неговата сопруга Никола (31).

Изворот додал: „Има толку многу повреденост и болка од негова страна, што не би било искрено да се задржи таков натпис на неговото тело.“

Бруклин, на кого 50-годишниот Дејвид му го даде прекарот Бастер, ги задржал зборовите „Love you Bust“ на раката – иако се веќе избледени.

Тој, исто така, има покриена тетоважа на градите посветена на мајка му Викторија.

Претходно Дејвид објави фотографија на која се гледа тетоважата на вратот со натпис „Buster“ (Бастер) што ја направил во 2015 година во чест на својот син.

Изворот рекол: „Боли да се види Бруклин како ја покрива тетоважата на Викторија, а сега и онаа што ја имаше за својот татко. Изгледа многу сурово и ќе им додаде сол на раните.“

Поврзани содржини