ТРЕНДАФИЛОВ ПРИЗНА ДЕКА ЗАД ПРОТЕСТИТЕ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ СТОЈАТ СДСМ И ЛЕВИЦА Манасиевски откри каде лидерот на ССМ го направил пропустот

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Трендафилов ќе направи се што може по насока на СДСМ и на Левица работниците да не добијат покачување на платите.

511

Лидерот на ССМ Слободан Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на синдикатите за повисоки плати, изајви денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во гостување на една од македонските телевизии, на Трендафилов му се лизна податок којшто по се изгледа не требаше да ја каже во јавноста, дека како што вели тој – сите се здружиле токму против оваа влада.Оваа изјава која му излета на Слободан Трендафилов,  докажа дека зад протестите на ССМ стојат СДСМ и Левица. Во минатото, ваква изјава Слободан Трендафилов никогаш нема дадено – рече Манасиевски.






Според него, Трендафилов ќе направи се што може по насока на СДСМ и на Левица  работниците да не добијат покачување на платите.

-Но, нека му служи на чест. Покачувањето во јавната администрација од 40% не е понуда која е од вчера, туку од минатата година. Но, Трендафилов затоа што шурува со СДС и Левица, не прифаќа нов колективен договор со којшто минималното зголемување ќе биде, повторувам минималното зголемување во април оваа година ќе биде 3.580 денари, додека пак просечното зголемување ќе биде над 6.000 денари или како што вели ССМ над 100 евра – вели Мнасиевски.

Тој додаде дека,  тоа што СДС ја покраде државата и остави прашина во државната каса, на Слободан Трендафилов и на ССМ не им пречеше, не се жалеа и не бараа повисоки плати.

-Затоа и велиме дека кога ја наследивме власта ние не почнавме од нула, туку од голем минус. ВМРО-ДПМНЕ не ветуваше чуда, туку работа и дела. Како што ги зголемивме платите во образованието, во здравството, во полицијата, во Министерството за одбрана, во социјалата и други, така ќе ги зголемиме платите и во администрацијата. Дополнително на ова, ќе помагаме и на бизнисот за да може и тој да ги зголеми платите во приватниот сектор – рече Манасиевски.

Никој не вели дека е лесно и дека цветаат рози, додаде тој, никој не вели дека тече мед и млеко по улиците, ниту пак дека гледаме низ розови наочари.

-Но, вистината мора да се знае. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се во рамките на своите можности за да го подигне стандардот на граѓаните – рече Манасиевски.

Поврзани содржини