ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН ЗА ДИСКУСИЈА Наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
Во моментот интерес во академската заедница најмногу предизвикуваат критериумите за избор во звања, финансирањето на универзитетите и можностите за напредување на целокупната академска заедница, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Предлог-законот за високото образование в понеделник ќе биде поставен на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) за дискусија и давање предлози и сугестии. Тој е еден од пакетот три поврзани закони – покрај него, на ЕНЕР се очекува да бидат поставени и Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистражувачката дејност.
– Во моментот интерес во академската заедница најмногу предизвикуваат критериумите за избор во звања, финансирањето на универзитетите и можностите за напредување на целокупната академска заедница – вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Таа најави покачување на платите на наставниците во март во согласност со четиригодишниот договор меѓу Владата и СОНК.
– Така како што сме се договориле, не само за оваа година, туку во сите четири години, наставниците ќе добиваат зголемување на платата – мартовската плата, всушност во април, ќе биде покачена за 7,5 проценти – рече Јаневска.