🎥 БАЛАДА ЗА ФРОСИНА Слушнете ја песната во спомен на младата девојка која беше прегазена на „Партизанска“

„Еден миг и луда постапка, Боже каква судбина...“ – се дел од стиховите на баладата „Фросина“ која текстописецот Огнен Неделковски ја напишал за загинатата Фросина Кулакова. Песната ја пее Александар Митевски

121

Денеска се навршува една година од трагичната смрт на Фросина Кулакова, 22-годишната модна дизајнерка чиј живот прерано згасна во сообраќајна несреќа во Скопје.

Таа беше усмртена на лице место откако во неа удри автомобил управуван од млад возач, настан што ја вознемири јавноста и предизвика силна реакција и барање правда низ целата земја.






Во спомен на Фросина, денеска е објавена емотивната балада која го носи нејзиното име. Текстот го напишал Огнен Неделковски, а музиката и изведбата се дело на Александар Митевски.

Песната „Фросина“ не повикува на одмазда, туку на будење на општествената свест и на одговорноста што сите ја носиме, особено кога станува збор за безбедноста и заштитата на младите животи.

Токму таа порака е и во сржта на мисијата на Фондацијата „Фросина Кулакова“, која по нејзината смрт активно работи на подигнување на јавната свест и превенција од вакви трагедии.

„Слушнете ја ‘Фросина’, балада во спомен на Фросина Кулакова, чија младост згасна на денешен ден (29 јануари) минатата година.

Песната е емотивен подарок од авторите Александар Митевски и Огнен Неделковски за семејството Кулакови и Фондацијата ‘Фросина Кулакова’.

‘Фросина’ нека биде спомен, парче светлина, капка утеха, поука за нацијата и лек за душата.

Песната е објавена во пресрет на вечерашната донаторска вечер на Фондацијата „Фросина Кулакова“, која ќе се одржи во 19 часот, со цел Фросина да не биде заборавена.

Поврзани содржини