НОРВЕШКА ЌЕ КУПИ ОРУЖЈЕ ЗА 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, АМА НЕ ОД САД Артилериските системи со долг дострел Осло ќе ги набави од Јужна Кореја

Според норвешките медиуми, владата ќе нарача артилериски системи Чунму произведени од јужнокорејската компанија „Ханва Аероспејс“ бидејќи се сметаат за супериорни во однос на системите ХИМАРС произведени од американската компанија „Локхид Мартин“.

137

Норвешкиот парламент одобри план за нарачка на артилериски системи со долг дострел во вредност од две милијарда долари, за да се зајакне нејзината моќ за одвраќање на Русија на Арктикот.

– Ова оружје може да погоди цели далеку зад непријателските линии. Ова е клучно во современите начини на водење војна – изјави пред законодавното тело Петер Фролих, портпарол за одбрана на опозициската партија Хоире.






Според норвешките медиуми, владата ќе нарача артилериски системи Чунму произведени од јужнокорејската компанија „Ханва Аероспејс“ бидејќи се сметаат за супериорни во однос на системите ХИМАРС произведени од американската компанија „Локхид Мартин“.

Се очекува норвешкото Министерство за одбрана наскоро официјално да ја објави компанијата што го доби тендерот за испораките. Воениот оддел сè уште не ја коментирал одлуката.

Министерството претходно соопшти дека планира да купи 16 системи, заедно со неодреден број ракети, за вкупна цена од 19,5 милијарди круни (околу две милијарда долари).

„Ханва Аероспејс“ минатата година потпиша договор со полската одбранбена компанија „ВБ Електроникс“ за заедничко производство на ракети, вклучувајќи го и системот „Чунму“.

Европските земји ги зголемуваат своите трошоци за одбрана под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп.

Поврзани содржини