БУГАРСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ СЕ ЖАЛАТ НА БЛОКАДИТЕ Трпат загуби, возат по 500-600 километри повеќе
Во бугарските медиуми се пренесуваат ставови на транспортни здруженија дека ситуацијата е „економски неодржлива“ за компаниите, а се најавуваат и разговори меѓу претставници на транспортниот сектор и бугарските институции.
Бугарските превозници се жалат дека претрпуваат големи финансиски загуби поради блокадите што ги вршат превозниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија протестираа поради проблемите со новиот систем за влез и излез од ЕУ. Транспортерите од Бугарија поради блокадите мораат да користат алтернативни патишта до европските дестинации, кои минуваат низ Романија, што го продолжува нивното растојание за 500-600 км, пишуваат бугарски медиуми.
Превозниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија протестираа поради проблемите со новиот систем за влез и излез од ЕУ и економските загуби што произлегуваат од тоа за превозниците поради ограничувањето на престојот на територијата на земјите-членки на 90 дена во рок од 180 дена, објавија „Нова“ и „БНТ“.
Вчера, премините со Србија беа блокирани за тешки товарни возила во двата правци. Денес, по полноќ, сообраќајот беше ограничен за возила над 3,5 тони на нашите гранични премини со Северна Македонија „Врашка Чука“, „Брегово“, „Стрезимировци“, „Ѓуешево“, „Делчево“ и „Златарево“, пишуваат бугарските медиуми.
На заедничката граница меѓу Бугарија и Северна Македонија, блокадата ги опфаќа сите соседни гранични премини – Деве Баир – Ѓуешево, Делчево – Станке Лисичково и Ново Село – Златарево, на територијата на Република Северна Македонија. Бугарските возачи што минуваат се навремено известени за ограничувањата и опциите за чекање, со цел да се спречат метежи и тензии, пишуваат бугарските медиуми.
Протестот е планиран за 7 дена, но може да заврши порано доколку се одржи состанок со претставници на здруженијата и Европската комисија.
Во бугарските медиуми се пренесуваат ставови на транспортни здруженија дека ситуацијата е „економски неодржлива“ за компаниите, а се најавуваат и разговори меѓу претставници на транспортниот сектор и бугарските институции за координација на мерките и евентуален заеднички настап кон Европската комисија, со цел да се ублажат последиците од новиот систем за влез и излез во ЕУ.
Дополнително, бугарското Министерство за надворешни работи преку медиумите соопшти дека внимателно ја следи состојбата и дека, доколку ситуацијата ескалира, Бугарија ќе ги искористи дипломатските канали и контактите со Европската комисија за да се олесни режимот и да се најде решение за проблемите со новиот систем за влез и излез во ЕУ и примената на правилото 90/180 дена.