ПОВТОРНО ИМА ИНИЦИЈАТИВА ОД БРИСЕЛ ЗА СРЕДБА MAКЕДОНИЈА-БУГАРИЈА Членки на ЕУ го поздравиле Акцискиот план за заштита на малцинствата
Во текот на декември имаше сериозни иницијативи од неколку поголеми и повлијателни земји членки на ЕУ заедо со раководството на ЕУ за организирање средба помеѓу мене и мојот колега Георгиев. Како Влада бевме прашани да предложиме неколку датуми, ние рековме определете го датумот, но за жал од страна на Софија немаше позитивен фидбек. Деновиве повторно од Брисел има иницијатива за организирање средба, изјави министерот за надворешни работи и наворешна трговија Тимчо Муцунски во телевизиско гостување.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека од Брисел деновиве повторно има иницијатива за организирање средба со Бугарија за откочување на евронтеграциите на Македонија.
Муцунски вечерва во гостување на ТВ Сител рече дека фокусот во евроинтеграциите на прв план го ставаме на домашните реформи и оти има задоволство и од Брисел, при што посочи дека Акцискиот план за заштита на малцинствата беше поздравен од неколку земји членки. Но, нагласи, недостасува дијалог за наоѓање решение за најкомплексниот проблем.
– Во текот на декември имаше сериозни иницијативи од неколку поголеми и повлијателни земји членки на ЕУ заедо со раководството на ЕУ за организирање средба помеѓу мене и мојот колега Георгиев. Како Влада бевме прашани да предложиме неколку датуми, ние рековме определете го датумот, но за жал од страна на Софија немаше позитивен фидбек. Деновиве повторно од Брисел има иницијатива за организирање средба. Повторно, на располагање сме кога другата страна ќе биде подготвена да ги размениме нашите аргументи да ги кажеме нашите објективни грижи, нашиот страв дека повторно и да се донесат уставните измени нашата држава ќе биде ставена во иста позиција заради прашања поврзани со идентитет, историја и јазик. Да ги кажеме нашите грижи за непримената на пресудите на Меѓународниот суд за човекови права од страна на соседна Бугарија, да дискутираме како соседи кои што во последните месеци, на пример на Коридорт 8 дека можеме да постигнеме успех доколку сакаме – рече Муцунски.
За решение, дополни, се потребни двајца, добра верба и да се дискутира во духот на европските вредности. Нашата Влада е подготвена и денес и утре и кој било ден да има таква дискусија, независно од тоа кој ќе биде резултат на изборите во Софија.
– Кога дискутираме со претставниците на земјите членки на ЕУ, на ЕК, секогаш има обид да се најде некое решение. За жал, не можам тие идеи да ги споделам сега со јавноста бидејќи во истиот момент ќе бидат отфрени. Постојат повеќе идеи. Граѓаните треба да знаат дека за нас се клучни неколку фудаментални прашања, Прво да се стави крај на нашите национални отстапки, не само кон Бугарија туку кон која било држава, а кои задираат кон нашите идентитетски обележја – јазикот, културата, историјата. Исто така наше очекување е дека македонските национални малцинства кои живеат надор од нашите граници, посебно тие во земјите членки на ЕУ, ќе добијат европски третман – рече Муцунски.
Тој оцени дека за жал можеби заради изборниот процес во Бугарија „видовме некоректен пристап кон Акцискиот план за малцинства“.
– Софија се однесува како што се однесува, ние треба да се фокусираме на домашните реформи, да го европеизирае нашето општетсво, да ги исполнѕваме меѓународните обврси и истовремено да бидеме проактивен чинител во изнаоѓање решение, рече Муцунски.