СЕ ВИКА „ДИСКОМБОБУЛАТОР“, АМА НЕ СМЕАМ ДА КАЖАМ ПОВЕЌЕ Трамп откри какво тајно оружје е употребено во Венецуела

Тие никогаш не успеаја да ги лансираат своите ракети. Имаа руски и кинески ракети и никогаш не полетаа. Влеговме, тие ги притиснаа копчињата и ништо не работеше, наведе Трамп.

648

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека американските сили користеле тајно оружје во операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Трамп одговарајќи на прашањето дали САД во Венецуела употребиле оружје со енергетски импулси, тој посочи дека бил користен „Дискомнобулатор“ за да се неутрализира венецуелската опрема.






– „Дискомбобулатор“. Немам право да зборувам за тоа, посочи Трамп, додавајќи оти оружјето предизвикало венецуелското оружје „да не работи“.

Тие никогаш не успеаја да ги лансираат своите ракети. Имаа руски и кинески ракети и никогаш не полетаа. Влеговме, тие ги притиснаа копчињата и ништо не работеше, наведе Трамп.

Тој повторно се закани со воени напади против нарко-картелите, вклучително и во Мексико.

Поврзани содржини