НА ВЛАСТ ДРУГАРУВАА ЗА КРИМИНАЛНИ ШЕМИ, А СЕГА СЕ ПРОТИВ ГРАЃАНИТЕ Стојановски го критикуваше негласањето за „Безбеден град“ на Филипче и на Ахмети

Бојан Стојаноски на прес-конференција ја критикуваше коалицијата Филипче-Ахмети поради гласањето против стартот на системот „Безбеден град“, кој има за цел да ја намали бројката на жртви во сообраќајот.

603

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција жестоко ја критикуваше коалицијата меѓу првиот човек на СДСМ, Венко Филипче и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценувајќи ја како „нераскинливо другарство кога имаат заеднички интереси, но на штета на граѓаните“.

– Али и Венко додека беа на власт си другаруваа во криминални шеми, местење тендери и слични активности. А сега покажаа дека немаат слух за потребите на граѓаните. Во петокот нивните пратеници здружено гласаа против измените на Законот за прекршоци, со кој се заокружуваат правните норми за официјален старт на системот „Безбеден град“ – изјави Стојаноски.






Тој нагласи дека одлуката на владејачките партии е директна закана за безбедноста на граѓаните.

– Замислете, тие се против систем кој гарантира безбедност во сообраќајот и има за цел да ги намали несреќите, кои во Македонија често имаат фатални последици. Според официјалната статистика, во пробниот период на „Безбеден град“ во декември 2025 година, телесни повреди имаа 20 лица, а во истиот период во 2024 година беа 25 лица. Овој систем е и начин да се намали бројот на жртви во сообраќајот, кој во Македонија изнесува 65 на милион жители, додека европскиот просек е 45 – додаде Стојаноски.

Пратеникот посочи дека „дружбата на Венко и Али ги води двете партии во пропаст“, додека ВМРО-ДПМНЕ, според него, ќе продолжи „посветено да се грижи за граѓаните“.

Поврзани содржини