ЃОКОВИЌ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ОСМИНАФИНАЛЕ Следен противник ќе му биде победникот од дуелот Јакуб Меншик – Итан Квин
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, откако денеска го победи Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп (АТП-75), во три сета со 6:3, 6:4, 7:6, за два часа и 46 минути.
Четвртиот тенисер во светот, го доби првиот сет со брејк во четвртиот гем, а потоа го почна вториот сет со водство од 3:0.
Ван де Зандшулп побара медицински тајм-аут поради проблем со десното рамо, а во следниот гем успеа да му го одземе сервисот на Ѓоковиќ. Сепак, српскиот тенисер на крајот го доби вториот сет со 6:4.
Холандскиот тенисер играше многу подобро во третиот сет. Во третиот гем, Ѓоковиќ побара медицински тајм-аут поради проблеми со десниот глужд, додека Ван де Зандшулп доби брејк во следниот гем и поведе со 3:1.
Ѓоковиќ возврати со брејк во петтиот гем и откако го одбрани сервисот при негатива од 4:5 и 5:6, победи со 7:4 во тај-брејкот за пласман во осминафиналето.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде победникот од дуелот помеѓу Чехот Јакуб Меншик (АТП-17) и Американецот Итан Квин (АТП-80).