🎥 ПЕТ ФИЛМОВИ НОМИНИРАНИ ЗА ОСКАР КОИ СЕ ДОСТАПНИ НА НЕТФЛИКС Погледнете ги трејлерите и најдете го вашиот фаворит

Нетфликс продолжува да ниже успеси. Објавувањето на номинациите за 98-то доделување на наградите Оскар уште еднаш ја потврди силната позиција на стриминг гигантот во модерната филмска индустрија.

217
Со години, стриминг платформата не е само место за масовна забава, туку и дом на амбициозни, оригинални и наградувани филмски проекти кои редовно освојуваат Оскари.
Од историскиот триумф на „Roma“ на Алфонсо Куарон, преку наградувани наслови како што се „Marriage Story“, „The Power of the Dog“ и документарецот „My Octopus Teacher“, Нетфликс изгради репутација што може рамноправно да им конкурира на традиционалните холивудски студија.
Оваа година не е исклучок. Меѓу филмовите номинирани за Оскарите, имаше шест наслови на Netflix, со вкупно 18 номинации.
Подолу, ви ги претставуваме кандидатите за Оскар на Netflix што можете да ги гледате уште денес.

Frankenstein

 






Гилермо дел Торо повторно се враќа на темите што ја обележаа неговата кариера – чудовишта, човечност и границата помеѓу стравот и сочувството. Неговата нова адаптација на класичниот роман на Мери Шели му донесе девет номинации за Оскар, вклучувајќи ги оние за најдобар филм, најдобро адаптирано сценарио и најдобра машка споредна улога која ја заслужи Џејкоб Елорди.
Франкенштајн на Дел Торо е далеку од класична интерпретација на хорор. Тоа е раскошно продуцирана, емоционално комплексна приказна што ги доведува во прашање етичките и моралните последици од создавањето на живот преку врвнa сценографија, костимoграфија и визуелни ефекти.
Самиот режисер истакна дека сакал да ги тестира границите на секој сегмент од филмската уметност, а резултатот е филм кој истовремено функционира како интимна драма и епски спектакл.
Ова е веќе трет филм на Дел Торо номиниран за Оскар во категоријата најдобар филм, после „Shape of Water“ и „Nightmare Alley“, со што дополнително го зацврстува неговиот статус како еден од најважните филмски режисери на денешницата.

Train Dreams

Филмот во режија на Клинт Бентли изненади многумина со својата суптилност и поетски пристап. Сместен во раните години на 20 век, филмот го следи животот на просечен Американец, обележан со љубов, загуба и неизбежните промени што ги донесе модерното време.
Токму оваа универзалност и тивка емоционална сила ги освои гледачите и критичарите.
Покрај таа престижна категорија, „Train Dreams“ беше номиниран и за најдобро адаптирано сценарио, најдобра фотографија и најдобра оригинална песна.
Филмот на Бентли не се потпира на големи заплети или спектакуларни моменти, туку преку атмосферата и низа детали гради длабоко трогателна медитација за смислата на животот.
Како што нагласува самиот режисер, тоа е приказна што ги прифаќа и светлината и темнината како неразделни делови од човечкото искуство.

KPop Demon Hunters

Анимираниот филм „KPop Demon Hunters“ е еден од најнеочекуваните и најзабавните кандидати за Оскар оваа година. Овој музички анимиран спектакл беше номиниран за најдобар анимиран филм, како и за најдобра оригинална песна благодарение на хитот „Golden“, кој ја освои публиката низ целиот свет.
Филмот ги комбинира K-pop естетиката, акцијата и фантастичните елементи во приказна за музички ѕвезди кои се борат против демонските закани, балансирајќи ја славата и тајните идентитети.
Покрај Оскарот, KPop Demon Hunters веќе освои Златен глобус за најдобар анимиран филм и најдобра оригинална песна, потврдувајќи го својот статус како глобален феномен.
Тоа е наслов кој функционира подеднакво како спектакл на поп-културата и како квалитетна анимирана креација.

The Perfect Neighbor

Во категоријата документарци, Netflix има силен претставник оваа година во филмот The Perfect Neighbor. Овој документарен филм се занимава со сложените меѓучовечки односи што доведоа до трагичното убиство на Аџике Овенс во Флорида.
Филмот беше номиниран за Оскар за најдобар документарен филм, а особено се издвојува по начинот на кој гради тензии без сензационализам.
Наместо едноставни одговори, The Perfect Neighbor го соочува гледачот со непријатни прашања за одговорноста, тишината и границите на приватноста.

All the Empty Rooms

Листата се затвора со документарниот филм All the Empty Rooms, номиниран за Оскар во категоријата најдобар краток документарен филм. Филмот се занимава со една од најтешките и најчувствителните теми на современото американско општество – последиците од пукањата во училиштата.
Филмот ги следи новинарот Стив Хартман и фотографот Лу Боп додека патуваат низ САД за да ги документираат детските соби на учениците кои ги загубиле своите животи во училишни пукотници.
All the Empty Rooms не ја прикажува самата трагедија, туку тишината и празнината што останува зад неа. Детските соби, недопрени и замрзнати во времето, стануваат моќен симбол на прекинатите животи и неискажаната болка на родителите.
Поврзани содржини