ПОЛИЦАЈКА САБОТИРАЛА ОПЕРАЦИЈА Приправничка откри службена тајна и сега е пријавена
Приправник во полицијата од Штип е пријавена за оддавање службена тајна поради откривање детали од операција со дрон, а против неа ќе се покрене и дисциплинска постапка, соопштува МВР.
Полицајка при Секторот за внатрешни работи Штип се најде во центарот на истрага поради сомнеж дека открила службена тајна.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против В.М., која работи како приправник во полицијата, откако утврдено е дека на 10 јули 2025 година ја открила операцијата со дрон за едно лице користејќи го телефонскиот број на својот брат. Операцијата била службена тајна, а тајноста е клучна за безбедноста и успешноста на полициските акции.
„Со ваквото постапување, кое може да предизвика штетни последици за службата, пријавената сторила кривично дело оддавање службена тајна. Истовремено, против неа ќе биде поведена и дисциплинска постапка“, стои во соопштението од Одделот за внатрешна контрола.
МВР додава дека ваквите дејства можат да го загрозат оперативното работење на полицијата и безбедноста на службите, поради што институциите го преземаат целосниот законски процес за утврдување на одговорноста.