🎥 САЗАНЕ ОТВОРИ СЕ, ДОАЃА ИВАНКА ТРАМП! Зетот на Доналд ќе инвестира 1,4 милијарди евра за да го направи островот „бисер на Медитеранот“
Островот Сазан бил воена база во времето на Студената војна. Со уредбата потпишана во декември 2024 година, од претседателот Бајрам Бегај, островот е отстранет од списокот на локации за распоредување и обука на вооружените сили на земјата.
Албанскиот премиер Еди Рама се сретна синоќа со Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, и поголема група меѓународни архитекти на вечера во албанскиот приморски град Валона, јави АТА.
За време на вечерата, синоќа, беа разгледани нови развојни проекти и идеи поврзани со стратешки инвестиции во регионот Валона.
Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, кои вчера пристигнаа во Валона, претходно изразија интерес за развојни проекти во градот и околните области и на албанскиот остров Сазан – области за кои се смета дека имаат висок стратешки и туристички потенцијал.
Кушнер во Валона престојувал само неколку часа по што заминал за Давос.
Ова не е првпат Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер да ја посетат Валона. Двајцата поминаа неколку дена во крајбрежниот град за време на нивниот летен одмор во јуни минатата година.
На 27 декември 2023 година, големата меѓународна туристичка компанија Atlantic Incubator Partners LLC, предводена од Џаред Кушнер, поднесе предлог до Албанската агенција за развој на инвестиции (AIDA) за инвестициски проект на островот Сазан.
На 30 декември 2024 година, на компанијата на Џаред Кушнер ѝ беше доделен статус на стратешки инвеститор за изградба на луксузен одморалиште на островот од страна на Комитетот за стратешки инвестиции, со кој претседава премиерот Еди Рама.
Според одлуката на Комитетот за стратешки инвестиции се очекува проектот за островот Сазан да вклучува инвестиција од 1,4 милијарди евра, а изградбата е планирана да опфати 8 проценти од островот, односно 45 хектари. Стратешкиот инвестициски проект вклучува изградба на ексклузивни вили со цел развој на луксузен туризам.
Островот Сазан бил воена база во времето на Студената војна. Со уредбата потпишана во декември 2024 година, од претседателот Бајрам Бегај, островот е отстранет од списокот на локации за распоредување и обука на вооружените сили на земјата.
Албанскиот премиер Еди Рама тогаш изјави дека, од островот Сазан, инвестицијата на Кушнер, ќе направи „бисер на туризмот на Медитеранот“. Според него оние кои зборуваат за уништување на заштитени подрачја лажат, бидејќи, како што рече тој, Сазан никогаш не бил заштитено подрачје, освен за војниците на Енвер Хоџа.