РОДИТЕЛИ ЈА ОДНЕЛЕ СОПСТВЕНАТА ЌЕРКА? Насилен инцидент пријавен во Грчец

Група лица, меѓу кои и родители на девојката, упаднале во дом и физички нападнале млад пар.

286

Сериозен инцидент се случил во селото Грчец, општина Сарај, каде група лица упаднале во семеен дом, физички нападнале млад пар и насилно однеле малолетна девојка, информираат од полицијата.

Случајот бил пријавен на 20 јануари во 13:36 часот во СВР Скопје од 16-годишно момче од Грчец. Според неговата изјава, околу 13 часот во нивниот дом дошле две машки и три женски лица, кои без најава го нападнале неговиот 21-годишен брат Д.Г. и неговата малолетна девојка.






По физичкиот напад, девојката била земена со сила и однесена од местото, а групата веднаш заминала. Според пријавеното, двајца од лицата кои учествувале во инцидентот се родители на малолетничката, што дополнително го усложнува случајот.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, како и за утврдување на сите околности и одговорноста на вклучените лица.

Поврзани содржини