ДВАЈЦА ПИЈАНИ КУМАНОВЦИ ПРЕТЕПАЛЕ ГАЗДА НА КАФАНА Не сакал да им отвори и да ги послужи пијачка

Насилството предизвикало чувство на несигурност и страв кај неколку лица кои се наоѓале во близина.

122

Основното јавно обвинителство Куманово нареди истражна постапка против две лица за кривично дело насилство, по член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 18 јануари, по 1 часот по полноќ, кога осомничените се обиделе насилно да влезат во гостилница која веќе била затворена, со намера да консумираат алкохол. Сопственикот не им дозволил влез, по што тие продолжиле со агресивно однесување во дворот на објектот.






Тие физички го нападнале сопственикот, му задале повеќе удари по главата и телото, го собориле на земја и му нанеле тешки телесни повреди, вклучувајќи скршеница на десната рака и повреда на увото. Насилството предизвикало чувство на несигурност и страв кај неколку лица кои се наоѓале во близина.

Јавниот обвинител достави предлог за притвор до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово, кој го прифати предлогот и им определи притвор од по 30 дена за двамата осомничени.

Поврзани содржини