ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ Одобрена е и мерката куќен притвор
Судијата Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари, откако полицијата во домот на неговите родители во Неготино пронашла 350.000 евра заѕидани во ѕид.
Судскиот совет денеска на итна седница со 10 гласа „за“ му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, одобри мерка куќен притвор и донесе одлука за негово времено оддалечување од судиската функција, по барање на Основниот кривичен суд Скопје.
Судијата Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари, откако полицијата во домот на неговите родители во Неготино пронашла 350.000 евра заѕидани во ѕид, за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати.
Претходно, ОЈО ГОКК предложи определување куќен притвор и мерки на претпазливост, вклучително и одземање патни исправи.