АМЕРИКАНСКИ АВИОНИ ЌЕ БИДАТ ИСПРАТЕНИ НА ГРЕНЛАНД Данска е информирана, се работи за редовна операција

Авионите наскоро ќе пристигнат во вселенската база Питуфик за да извршат „различни, долго планирани активности на НОРАД“, соопшти Северноамериканската команда за воздухопловна одбрана.

240

Северноамериканската команда за воздухопловна одбрана (НОРАД) објави дека испраќа авиони во базата на американските воздухопловни сили во северозападен Гренланд.

Авионите наскоро ќе пристигнат во вселенската база Питуфик за да извршат „различни, долго планирани активности на НОРАД“, соопшти командата на социјалните мрежи.






„Оваа активност е координирана со Кралството Данска, а сите сили за поддршка работат со потребните дипломатски одобренија. Владата на Гренланд е, исто така, информирана за планираните активности“, соопшти НОРАД.

Се прецизира дека НОРАД редовно спроведува операции во интерес на одбраната на Северна Америка.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, постојано изјавува дека има намера да бара анексија на Гренланд кон САД, бидејќи го смета тоа важно за националната безбедност.

Поврзани содржини