🎥 МЕГАСУДИР НА АВТОПАТ ВО МИЧИГЕН ПОРАДИ МРАЗ Над 100 возила учествуваа во верижен карамбол

Нема загинати во несреќата, а неколку лица се повредени.

192

Над 100 возила учествуваа во огромен верижен судир на замрзнат автопат во американската држава Мичиген.

Поради несреќата полицијата ги затвори двата правци на автопатот 196, а властите работат на отстранување на возилата.






Во судирот учествувале и над 30 камиони.

Нема загинати во несреќата, а неколку лица се повредени.

Според возачите, паѓал густ снег, поради што видливоста била значително намалена, а сообраќајот се движел споро.

– Беше страшно да се чуе сето тоа, тресокот и звуците зад мене. Видов што беше пред мене. Не можев навистина да видам што беше зад мене – рече тој.

Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за екстремно ниски температури и за можни зимски бури во неколку држави, Минесота, Висконсин, Индијана, Охајо, Пенсилванија и Њујорк.

Поврзани содржини