ОД УТРЕ СЕ ТЕСТИРА СИСТЕМОТ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Се очекува да стапи во функција од 1. февруари

Од МВР информираат дека за време на спроведувањето на овие активности, нема да се пропуштаат возила на локациите каде се врши постапката на тестирање.

106

Од утре до 31 јануари, секојдневно во периодот од 8 до 20 часот ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените камери за сообраќаен надзор од проектот „Безбеден град“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР додаваат дека за време на спроведувањето на овие активности, нема да се пропуштаат возила на локациите каде се врши постапката на тестирање.






Во првата недела, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Град Скопје.

МВР ги повикува граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како да и покажат разбирање, трпение и соработка, со цел да се изврши непречено реализирање на планираните активности.

Системот „Безбеден град“, според најавите на надлежните официјално треба да почне да функционира од 1 февруари.

Дека овој датум ќе биде запазен оптимизам изрази и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека нејаснотиите што ги имале со ДУИ за измените на Законот за прекршоци се надминати и оти очекува тие да бидат донесени на следната собраниска седница.

Поврзани содржини