НАЈМАЛКУ 8 ЗАГИНАТИ ВО ЛАВИНИ ВО АВСТРИЈА Седум скијачи се тешко повредени
Седум лица беа затрупани од лавина од врвот Финстеркоф, висок 2.150 метри, во долината Гросарл во федералната покраина Салцбург, изјави портпаролката на планинската спасувачка служба во Салцбург.
Осум лица загинаа во три лавини во Австрија вчера, соопштија спасувачки служби и полицијата.
Седум лица беа затрупани од лавина од врвот Финстеркоф, висок 2.150 метри, во долината Гросарл во федералната покраина Салцбург, изјави портпаролката на планинската спасувачка служба во Салцбург.
Планинската спасувачка служба објави дека четворица членови на скијачката група се пронајдени мртви, додека неколку други лица се тешко повредени.
Заагина и жена во лавина во областа Бад Хофгаштајн. Националностите и возраста на загинатите и повредените во тие два случаи сè уште не се познати.
Трета несреќа со лавина се случи попладнето во Пустервалд во федералната покраина Штаерска. Седум чешки скијачи се движеле во таа област кога лавината била активирана. Тројца од нив загинале, објави полицијата.
Четири лица кои не беа зафатени во лавината се евакуирани од спасувачките екипи од алпскиот терен, по што им е укажана итна медицинска помош.