📷 СТОКОВНАТА КУЌА ВО РАДОВИШ ЌЕ СТАНЕ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР Реконструкција и пренамена вредни 3,7 милиони евра

Со инвестиција од 229.691.396 денари, обезбедена од Министерството за култура, се поставуваат темелите за нов културен центар кој ќе придонесе за збогатување на културниот живот, зачувување и презентација на културното наследство и зголемена достапност на културни настани за сите граѓани, напиша премиерот Мицкоски.

125

Во Општина Радовиш е во тек работната фаза од проектот за реконструкција и пренамена на поранешната Стоковна куќа во современ мултифункционален и културен центар со музејска содржина, информираше премиерот Христијан Мицкоски.

На својот Фејсбук профил тој објави слики од реконструкцијата.






„Објектот, лоциран во централното градско подрачје, добива целосно нова намена и значење како јавен простор од културен и општествен интерес.

Во рамки на работната фаза се изведуваат интензивни градежни активности кои опфаќаат конструктивна санација и адаптација на постојниот објект, внатрешно уредување, функционална реорганизација на просторот и создавање услови за современи културни, изложбени и музејски содржини.

Со инвестиција од 229.691.396 денари, обезбедена од Министерството за култура, се поставуваат темелите за нов културен центар кој ќе придонесе за збогатување на културниот живот, зачувување и презентација на културното наследство и зголемена достапност на културни настани за сите граѓани“.

Поврзани содржини