СОПРУЖНИЦИ СО „МЕРЦЕДЕС“ МУ ПОМОГНАЛЕ НА САИТ ДА СЕ СОКРИЕ ВО СРБИЈА Покренато обвинение за две лица, предложен е притвор

Според соопштението, на 9 јануари, со автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопружниците веднаш по сообраќајната несреќа дошле до домот на Саитовски. Го зеле него и неговиот татко, па преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Србија. Таму ги оставиле и се вратиле назад во Maкедонија околу полноќ.

973

Сопружнци му помогнале на Саит Саитов, тинејџерот кој прегази жена во скопски Капиштец, да избега во соседна Србија. Јавното обвинителство соопшти дека покренало обвинение против маж и жена кои се товарат дека се соизвршители во делото. Истовремено, за осомничениот маж, јавен обвинител предложил мерка притвор, додека за жената мерка куќен притвор.

Според соопштението, на 9 јануари, со автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопружниците веднаш по сообраќајната несреќа дошле до домот на Саитовски. Го зеле него и неговиот татко, па преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Србија. Таму ги оставиле и се вратиле назад во Maкедонија околу полноќ.






Осомничениот Саитов, кој предизвикал сообраќајна несреќа со смртни последици, сè уште е во бегство. По него трага полицијата врз основа на издадена меѓународна потерница од ОЈО Скопје.

Станува збор за Саитов Саит, роден на 6 април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со последна пријавена адреса на улицата Дом Ндуе Битичи во Скопје. Тој се бара поради сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Според досегашните наоди од истрагата, на 9 јануари осомничениот управувал патничко возило „фолксваген пасат“ по улицата Народен фронт, без да поседува важечка возачка дозвола и со брзина која не била прилагодена на условите на патот и сообраќајот. При непрописно поместување налево, навлегол во коловозна лента наменета за спротивен правец и удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која го преминувала коловозот.

Од ударот, жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Ургентниот центар, каде подоцна починала. Наместо да ѝ укаже помош, возачот го напуштил местото на несреќата и станал недостапен за надлежните органи. објави Скопје1.мк

Поврзани содржини