АМЕРИКАНСКА ФЛОТА ОД ЈУЖНОТО КИНЕСКО МОРЕ СЕ УПАТИ КОН БЛИСКИОТ ИСТОК Ѝ треба една недела да стигне до целта

Поморската група, предводена од носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, вклучува и други воени бродови, како и најмалку една јуришна подморница.

662

Пентагон го преместува носачот на авиони од Јужното Кинеско Море кон Блискиот Исток, во зоната на одговорност на Централната команда на САД, поради заострувањето на тензиите меѓу администрацијата на Доналд Трамп и Иран. Поморската група, предводена од носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, вклучува и други воени бродови, како и најмалку една јуришна подморница, а се очекува преместувањето да трае околу една недела, пишува „ЊузНејшн“.

Овој значаен воен потег се случува во време на немири во Иран и интензивни дебати во Вашингтон околу тоа дали Белата куќа ќе им даде поддршка на демонстрантите кои се спротивставуваат на иранскиот режим.






Тензиите дополнително се зголемија откако Иран во средата издаде „Известување за воздушни мисии“ (НОТАМ), со кое се ограничуваат летовите кон и од Техеран. Во исто време, на дел од персоналот во клучната американска воена база во Катар му било препорачано да ја напушти земјата, додека Обединетото Кралство советуваше да се избегнуваат сите непотребни патувања во Израел.

Протестите во Иран, поттикнати од влошените економски услови, траат од крајот на декември. Според податоците на Новинската агенција на активисти за човекови права, во немирите животот го загубиле повеќе од 2.500 луѓе.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој неодамна одобри американска воена акција во Венецуела, во повеќе наврати најави дека неговата администрација ќе им помогне на иранските демонстранти. Сепак, во средата изјави дека верува оти Техеран се откажал од насилно задушување на протестите со цел да отвори простор за преговори со Вашингтон и дека засега нема планомви за воена интервенцја во Иран.

Од друга страна, иранската државна телевизија во средата упати предупредување до Трамп да не се меша во внатрешните работи на земјата, порачувајќи дека „овој пат“ куршумот „нема да промаши“, при што беше прикажана снимка од обид за атентат врз Трамп за време на предизборен митинг во Пенсилванија во јули 2024 година.

Поврзани содржини