НЕМА ПОВЕЌЕ БЛОКАДИ НА ГРАНИЦИТЕ, ВЕЛИ ГРЧКИ МИНИСТЕР „Ги толериравме земјоделците во последните 40 дена“

Тоа се влезовите на земјата, имаме огромни проблеми, нè пријавуваат другите земји во Европската Унија, но не е само тоа, главно е дека се попречува функционирањето на економијата, се попречува работењето на бизнисите кои бараат снабдување со производи, со суровини, гориво и слично. Ова не може да продолжи. Обесштетувањата што ќе се побараат ќе бидат огромни, изјави грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис.

204

Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, упати јасно предупредување дека Владата повеќе нема да дозволи блокирање на царинските служби на граничните премини. Во изјава за грчките медиуми, тој нагласи дека блокадите на земјоделците предизвикуваат сериозни последици по државната економија.

Хрисохоидис истакна дека државата покажала голема толеранција во изминатите 40 дена, но дека ситуацијата со стотиците илјади тони производи кои не можат да поминат е неодржлива.






– Нема шанси повторно да се затвори царинска служба и тоа го нагласувам јасно. Тоа се влезовите на земјата, имаме огромни проблеми, нè пријавуваат другите земји во Европската Унија, но не е само тоа, главно е дека се попречува функционирањето на економијата, се попречува работењето на бизнисите кои бараат снабдување со производи, со суровини, гориво и слично. Ова не може да продолжи. Обесштетувањата што ќе се побараат ќе бидат огромни – изјави Хрисохоидис.

Протестите на земјоделците започнаа кон крајот на ноември и ги зафатија граничните премини кон Македонија, Бугарија и Турција. Иако тракторите остануваат на патиштата, земјоделците веќе формираа делегација која треба да се сретне со премиерот Киријакос Мицотакис за да се најде решение за нивните барања.

Поврзани содржини