ВАРДАР ПРИФАТИ МИЛИОНСКА ПОНУДА, МАТО ЗАМИНУВА Стрелецот ќе трча за Спортинг Канзас Сити во САД
Во соопштението на Вардар се додава дека трансферот на Мато во Спортинг Канзас „воедно ќе помогне ѝ на струмичка Брера која според договорот полага право на 20 проценти од продажбата“.
Актуелниот лидер во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Вардар, објави денеска дека прифатил милионска понуда од американскиот клуб Спортинг Канзас за трансфер на својот напаѓач и репрезентативец на Уганда, Роџерс Мато.
„ФК Вардар АД реши да ја прифати милионската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити, клуб што се натпреварува во најсилната МЛС фудбалска лига во САД. Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кој тој ќе настапува таму. За очекување е плата од околу 40.000 долари месечно, плус бонуси“, се наведува во клупското соопштение.
Ова доаѓа ден откако Хартс официјално објави дека потпишал договор со Мато, кој се согласил да замине во редовите на шкотскиот премиерлигаш во јуни, кога му истекува договорот со Вардар.
Во соопштението на Вардар се додава дека трансферот на Мато во Спортинг Канзас „воедно ќе помогне ѝ на струмичка Брера која според договорот полага право на 20 проценти од продажбата“.
Мато, кој со 12 голови е најефикасен фудбалер во есенската полусезона во ПМФЛ, претходно оваа недела не му се приклучи на Вардар на подготовките во Турција, откако го заврши настапот со Уганда на Африканскиот Куп на нации.