БАБА ЗУМБУЛА НА АЕРОДРОМ Се обидел починатата сопруга да ја внесе во авион
Обезбедувачот забележал дека жената, која била во инвалидска количка, е многу студена и не дише.
Осумдесетгодишен маж се обидел да се качи на лет на аеродромот Тенерифе Југ со својата почината сопруга, која ја превезувал во инвалидска количка како да е обичен патник, објави порталот Дарио де ависос (Diario de Avisos).
Инцидентот се случил на безбедносен контролен пункт, а персоналот не се посомневал во ништо сè додека еден обезбедувач, откако поминале низ детектор за метал, не забележал дека жената не реагира, по што биле активирани протоколите за итни случаи
– Обезбедувачот ѝ се приближил на жената, а мажот ѝ ја подал инвалидската количка. Кога таа ја зела за рака, забележала дека температурата ѝ е ненормално ниска и дека не дише. Работникот веднаш го известил надзорникот. За неколку минути биле активирани протоколите за итни случаи и голем број обезбедувачи, членови на Цивилната гарда и форензички персонал пристигнале на местото на настанот – објаснил еден од вработените на аеродромот.
Според првичните изјави на сопругот, неговата сопруга починала неколку часа претходно, во самиот аеродромски комплекс. Мажот е уапсен, а истрагата е сè уште отворена со цел да се разјаснат околностите на смртта и да се утврди постоењето на кривична одговорност.