ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА ПАК ГИ НЕМАШЕ ДА ГЛАСААТ ЗА КЛУЧНИТЕ ИЗМЕНИ НА КЗ Водат Фејсбук-политика, обвини Петрушевски
Критикувајќи ја Левица, пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека „Фејсбук-политиката“ со видеа и рилсови и седењето дома, не носи подобар живот за граѓаните, потребна е вистинска работа. Петрушевски спомна дека денеска Собранието даде зелено светло за потребата од заострување на казните за злоупотреба на службената положба и злосторничкото здружување, за посилна заштита на жените од насилство и за усогласување на стандардите со ЕУ преку проектот „Безбеден град“.
Скапо платените опозициски пратеници на Левица, како што веќе станува правило, повторно ги немаше во Собранието додека носевме клучни измени на Кривичниот законик, обвинува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Петрушевски вели дека „Фејсбук-политиката со видеа и рилсови и седењето дома, не носи подобар живот за граѓаните, потребна е вистинска работа“.
„Собранието денес гласаше за потребата од заострување на казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, преку корекција на штетните измени од 2023 година и проширена конфискација, за посилна заштита на жените и децата од семејно насилство, за заштита на приватноста од злоупотреба на интимни снимки и за усогласување со европските стандарди преку проектот „Безбеден град“, пишува Петрушевски.