ЈАЈЦАТА ПОЕВТИНИЈА Табла од 30 јајца сега може да се купи за 279 денари
Дел од маркетите веќе ја намалија цената за околу 60 до 80 денари за табла од 30 јајца, односно за 30-40 денари за табла од 10 јајца, додека според најавите од добавувачите дел од маркетите цената би ја ревидирале во наредните денови.
Од денеска јајцата во маркетите се продаваат по значително пониски цена. Вредноста е вратена на нивото пред големиот ценовен шок од ноември минатата година, кога цените пораснаа за рекордни 30%.
Дел од маркетите веќе ја намалија цената за околу 60 до 80 денари за табла од 30 јајца, односно за 30-40 денари за табла од 10 јајца, додека според најавите од добавувачите дел од маркетите цената би ја ревидирале во наредните денови.
Па така табла од 30 јајца која се продаваше за 370 денари, од денеска се продава за 279 денари, додека мала табла од 135 денари, сега се продава за 99 денари.
Цената на јајцата екстремно се зголеми на ноември лани кога порасна од 20 до 30%.