ШТО ДОНЕСOA ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ 2026-ТА? Триумф на „Една битка по друга“, Тимоти Шаламе го освои првиот Златен глобус, Џорџ Клуни проговори француски

Филмот „Една битка по друга“ беше ѕвезда на овогодинешните Златни глобуси, освојувајќи ја престижната категорија за најдобар филм – мјузикл или комедија. Наградата за најдобра драма му припадна на филмот „Хамнет“, Тимоти Шаламе го освои првиот Златен глобус за улогата во „Марти Суприм“, а новопечениот Французин Џорџ Клуни не доби награда, но проговори француски.

1,023

Револуционерната сага на Пол Томас Андерсон „Една битка по друга“ (One Battle After Another) ги освои главните награди на 83. доделување на Златните глобуси 2026-та, во категоријата комедија, додека драмата „Хамнет“ (Hamnet) на Клое Жао,  изненадувачки, го победи филмот „Грешници“ (Sinners) и ја освои наградата за најдобар филм, драма.

Освен што „Една битка по друга“ ја освои наградата за најдобар филм, комедија, ѝ беше доделена награда за најдобра споредна женска улога на Тејана Тејлор, како и награда за најдобра режија и најдобро сценарио за Андерсон. Тој е само вториот режисер кој освоил награда за режија, сценарио и филм, како продуцент, на доделувањето на Златните глобуси. Само Оливер Стоун, за „Роден на Четврти јули“, успеа да го стори истото.






Во трката за најдобра комедија или мјузикл, тој ја надмина силната конкуренција во која беа вклучени филмовите „Blue Moon“, „Bugonia“, „Marty Supreme“, „No Other Choice“  и „Nouvelle Vague“.

Иако церемонијата на доделување на наградите на 11 јануари во хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес, која повторно ја водеше комичарката Ники Глејзер, помина речиси целосно како што се очекуваше, најизненадувачка беше финалната награда на вечерта.

Имено, додека „Една битка по друга“ беше јасен фаворит оваа сезона на награди, повеќето го сметаа вампирскиот трилер од ерата на Џим Кроу на Рајан Куглер за најтесна конкуренција.

Но, „Хамнет“, шпекулативна драма за Вилијам и Агнес Шекспир, базирана на бестселерот на Меги О’Фарел, победи во категоријата драма кратко откако нејзината ѕвезда, Џеси Бакли, ја освои наградата за најдобар женски актер во драма.

Станува збор за драма со елементи на романса во режија на Клое Жао. Филмот е во кината од 26 ноември минатата година и трае 126 минути. Главните улоги ги играат Џеси Бакли како Агнес и Пол Мескал како Вил. Меѓу продуцентите беа големи имиња како Сем Мендес и Стивен Спилберг.

Интересен момент на годинешните Златни глобуси беше и оној кога 64-годишниот Џорџ Клуни проговори француски на сцената пред да додели награда. Актерот-режисер, неговата сопруга Амал и нивните деца Александар и Ела неодамна добија државјанство во Франција, според декрет за натурализација.

Џорџ, кој досега бил номиниран за 14 Златни глобуси и четири пати освоил награда, годинава беше номиниран за најдобар актер во мјузикл или комедија за неговата улога во филмот на Нетфликс, Џеј Кели, во режија на Ноа Баумбах.

– Bonsoir, mes amis, C’est un honneur d’être ici – рече тој, обраќајќи им се на своите пријатели во публиката.

Дон Чидл (61) кој се појави на повторното обединување на Ocean’s Eleven, додавајќи и малку француски, му посака на Клуни добра вечер со „bonsoir“. Тој го потсети својот колега од „Heist“ дека загубил во категоријата „Најдобра машка улога во комедија“ од ѕвездата на „Marty Supreme“, Тимоти Шаламе. „Сите сме победници тука“, рече Клуни.

– Не баш – не сте – се пошегува Чидл и двајцата поранешни колеги го доделија Глобусот за најдобар филм – драма на „Хамнет“.

Тимоти Шаламет пак, ја продолжи својата серија успеси. Само една недела откако ја освои наградата „Избор на критичарите“, Шаламе го освои првиот Златен глобус во својата кариера.

Младиот актер славеше во конкуренција во која, освен Џорџ Клуни („Џеј Кели“), беа и Леонардо Дикаприо („Една битка по друга“), Итан Хоук („Сина месечина“), Ли Бјунг-Хун („Нема друг избор“) и Џеси Племонс („Бугонија“).

Мини-серијата на Нетфликс „Адолесценција“ беше прогласена за најдобра мини-серија.

Главната ѕвезда на серијата, Стивен Греам, го освои Златниот глобус за најдобар глумец, повторувајќи го својот успех со наградите „Еми“, а историскиот момент го обезбеди Овен Купер, кој на 16-годишна возраст стана најмладиот добитник на Златен глобус за најдобар спореден глумец.

Успехот на серијата го заокружи Ерин Доерти, која го освои Златниот глобус за најдобра споредна женска улога.
Многу обожаватели беа изненадени пред доделувањето на наградите што хит-филмот „Wicked: For Good“ не беше меѓу номинираните за најдобар филм, иако имаше пет номинации во други категории, вклучувајќи ги и оние за Синтија Ериво за главна женска улога и Аријана Гранде, за споредна женска улога

Поврзани содржини