📽️ ЛИЖАВЧЕ ШТО СВИРИ СТАНУВА ХИТ ВО САД Музика има само додека се лиже

Лижавчето ќе се продава по 8,99 долари, а продажбата почнува веднаш по завршувањето на ЦЕС. Организаторите велат дека интересот е огромен – повеќе од еден милион луѓе се запишале на листата на чекање за да ја вкусат иднината на музиката.

681

Лижавче што пушта музика додека се лиже стана хит на Саемот за потрошувачка електроника (ЦЕС) во Лас Вегас. Милиони чекаат да го пробаат изумот на компанијата „Лолипоп Стар“.

– „Лолипоп Стар“ не е обично слатко. Тоа е носител на звук што преку коскена спроводливост ја пренесува музиката директно до увото – објасни Сен Цаи, маркетинг-директор на компанијата.






Меѓу песните што може да се слушаат додека се лиже оваа необична технологија се наоѓаат хитови од Ајс Спајс и Ејкон.

Весли Мур од Њу Џерси, долгогодишен посетител на саемот, изјави дека изумот е „неверојатен“ и дека „му го враќа детството“.

Лижавчето ќе се продава по 8,99 долари, а продажбата почнува веднаш по завршувањето на ЦЕС.

Организаторите велат дека интересот е огромен – повеќе од еден милион луѓе се запишале на листата на чекање за да ја вкусат иднината на музиката.

 

 

Поврзани содржини