ПРЕМИНОТ БОГОРОДИЦА Е ПУШТЕН ЗА СИТЕ ВОЗИЛА На Меџитлија има забрана за товарни возила

Се препорачува внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

261

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.






На Граничниот премин Меџитлија/Ники има забрана за движење на товарни возила до утре до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.

Од синоќа, сообраќајот на Граничниот премин Богородица/Евзони е пуштен за сите видови возила.

АМСМ потсетува дека во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Поврзани содржини