НАМЕСТО ДА МУ НАМЕСТАТ ВРАТА, ГО „НАМЕСТИЛЕ“ ЗА 600 ЕВРА Ги најмил преку социјални мрежи

Откако поминал договорениот рок за монтажа, лицата престанале да одговараат на телефонските повици.

795

Триесет и шестгодишен маж пријавил во полиција дека бил измамен за сума од 600 евра од лице со кое стапил во контакт преку социјална мрежа.
Според пријавата поднесена во СВР Скопје, оштетениот на 19 септември 2025 година контактирал лице кое се претставило како управител на приватна фирма од Тетово. Двајцата се договориле за достава и монтажа на собна врата, при што пријавителот му исплатил аванс од 600 евра на друго лице, кое се претставило како техничар вработен во фирмата, преку каса-прими.
Откако поминал договорениот рок за монтажа, лицата престанале да одговараат на телефонските повици, по што пријавителот сфатил дека е измамен. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини