ИДЕНТИФИКУВАНИ СЕ СИТЕ ЖРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО КРАН-МОНТАНА Меѓу нив 20 се малолетници

Меѓу загинатите има државјани на Швајцарија, Италија, Романија, Србија, Турција, Португалија, Франција и Белгија, како и едно лице со државјанство на Обединетото Кралство, Франција и Израел.

1,304

Идентификувани се телата на сите 40 лица кои загинаа во пожар во бар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, кој избувна на новогодишната ноќ, соопшти полицијата.

Жртвите биле на возраст меѓу 14 и 39 години, а 15 жртви биле помлади од 18 години. Најмладите жртви се четиринаесетгодишно девојче од Швајцарија и четиринаесетгодишно момче од Франција.






Меѓу загинатите има државјани на Швајцарија, Италија, Романија, Србија, Турција, Португалија, Франција и Белгија, како и едно лице со државјанство на Обединетото Кралство, Франција и Израел.

Покрај 40-те загинати, повредени се и 119 лица, од кои повеќето со тешки изгореници. Шестмина од повредените се во толку сериозна состојба што сè уште не е можно да се утврди нивниот идентитет.

Покрената е кривична истрага против брачен пар од Франција, сопственик на барот „Le Constellation“.

Според прелиминарните наоди, најверојатно пожарот е предизвикан од искри од прскалки за шишиња, кои биле премногу блиску до таванот.

Полицијата соопшти дека нема да објави дополнителни информации за идентификуваните жртви од почит кон нивните семејства.

Поврзани содржини