ЛЕГНА ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД ПЛАТАТА ЗА НОЕМВРИ Утре ќе возат возовите за Гевгелија и за Куманово

48

Железничкиот сообраќај во Македонија од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот и извршен персонал, денеска е заокружена исплатата на ноемвриската плата и се работи на реализирање на останатите барања.

– На средба со државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски во врска со делумниот бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт отворено е разговарано за проблемот и тој е надминат.  Исплатен е вториот дел од платата за ноември 2025 година и се работи активно на реализирања на останатите барања на Синдикатот. МЖ Транспорт продолжува со непречена тековна работа и останува во тесна координација со државните институции за надминување на предизвиците со кои се соочува претпријатието – информираат од Министерството за транспорт.






Првите возови што ќе стартуваат попладне по прекинот на делумниот бојкот се на релациите Скопје – Гевгелија во 16:55 часот и Скопје – Куманово во 16:57 минути.

Во тек на бојкотот што почна вчера во 04.47 часот сообраќаа поголемиот дел од товарните возови.

Првиот дел од плататата за ноември е исплатен на 18-ти минатиот месец, а со денешната исплата се заокружува ноемвриската плата, додека продолжува координацијата за  еализација на барањата на синдикатот за исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0,80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа…

Поврзани содржини