МУАМЕР СЕФЕРИ Е НОВ В.Д. ДИРЕКТОР НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ Вети дека ќе работи чесно и посветено во интерес на јавното добро

86

Муамер Сефери официјално ја презеде функцијата вршител на должноста директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Тој доаѓа на оваа позиција како кадар на Коалицијата Вреди, односно од Движењето БЕСА.

​Информацијата ја потврди самиот Сефери преку објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека оваа позиција за него претставува „голема доверба и сериозна обврска“.






​Во своето прво обраќање, новиот в.д. директор најави дека ќе работи во интерес на јавното добро.

– Оваа функција претставува голема доверба и сериозна обврска да работам со посветеност, транспарентност и професионализам во служба на граѓаните и јавниот интерес. Убеден сум дека преку чесна работа, ефикасно менаџирање и институционална соработка, ќе постигнеме конкретни резултати во подобрувањето на зелените површини и јавните услуги – порача новиот в.д. директор Сефери.

Поврзани содржини