ТРГНАА ВОЗОВИТЕ ПОД ЛА МАНШ, НО СЕМЕЈСТВАТА УШТЕ ЧЕКААТ Се скрши новогодишната магија за илјадници патници во Европа
Меѓу патниците имало и туристи кои патувале со аранжмани планирани месеци претходно. Американките Хејли Адамс и Хана Хагар, кои требало да стигнат во Париз за роденден, биле принудени да платат повеќе од 580 долари за лет од Лондон и дополнителна ноќ во хотел.
Работата за санирање на дефектот во железничките линии меѓу Евротунелот помеѓу Британија и Франција продолжи и во текот на ноќта, а некои линии на „Еуростар“ и „ЛеШатл“ оттогаш се делумно обновени, но работат со значителни задоцнувања, јавува Би-Би-Си.
Илјадници луѓе останаа заглавени на пероните и терминалите во тунелот поради прекин на електричната енергија, што предизвика хаос во пресрет на новогодишните празници. Патувања биле откажани, семејства останаа во автомобилите натерминалите за поаѓање, а некои дури биле затекнати во подземните линии под Ла Манш не можејќи да го продолжат патот кон Франција.
Се работи за проблем со надземните кабли за струја и дефект на воз на „ЛеШатл“. Според Би-Би-Си, најмалку десет возови на „Еуростар“ помеѓу Лондон, Париз, Брисел и Амстердам биле откажани уште пред пладне. Компанијата се извинила на патниците и понудила враќање на средствата, промена на датумот на патување или е-ваучер.
Патниците чекаа 6 до 7 часа за да се отстрани дефектот.
Очај и солзи на станиците
Меѓу патниците имало и туристи кои патувале со аранжмани планирани месеци претходно. Американките Хејли Адамс и Хана Хагар, кои требало да стигнат во Париз за роденден, биле принудени да платат повеќе од 580 долари за лет од Лондон и дополнителна ноќ во хотел.
– Тука сме веќе пет часа, редиците не се движат, сите сме уморни – изјавила Адамс.
Во исто време, семејство од Мексико, предводено од Монсерат Ернандес, се надевало дека „патувањето на животот“ нема да заврши на станицата Сент Панкрас.
– Велат дека денес нема превоз. Ова изгледа како американски филм – рекла таа, барајќи алтернативен лет за Париз.
Hours spent hardly moving, no communication from @LeShuttle, no food or drink.
Kids losing the will to live and no end in sight. Absolute shambles #bbcnews #skynews #eurotunnel pic.twitter.com/FXzGtxUJo1
— Richard Frewin (@RFrewin) December 30, 2025
Патници заглавени под Ла Манш
Во францускиот град Кале, Бен Кларк со своето семејство бил меѓу стотиците кои останале во „ЛеШатл“.
– Првите часови не беа толку лоши, но децата стануваат немирни. Ги потрошивме сите закуски и немаме план Б – изјавил тој.
Обнова на сообраќајот преку една линија
Компанијата „Гетлинк“, управувач на Евротунелот, соопштила дека дел од сообраќајот е обновен преку еден од двата тунела, со доцнења од пет часа. Оштетениот воз бил извлечен, а патниците биле предупредени да не патуваат кон Сент Панкрас доколку нивниот воз е откажан.
Првата линија на „Еуростар“ тргнала од Лондон кон Брисел нешто по 16 часот. Возилата што чекале да се качат предизвикале метеж и на автопатот М20 кај терминалот Фолкстоун.