СООБРАЌАЕН ХАОС КОН ЌАФАСАН Превртена цистерна го затвори патот од Струга

Возачите заглавени во колони, сите надлежни служби на терен – не се знае кога ќе биде пуштен сообраќајот.

553

Сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ е целосно во прекин, откако цистерна се преврте на коловозот, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила на дел од патот кој важи за фреквентен, поради што настанале долги колони возила, а возачите се принудени да чекаат или да бараат алтернативни правци.






„Поради превртена цистерна, сообраќајот на овој патен правец е целосно запрен“, информираат од СВР Охрид, додавајќи дека сите надлежни служби се на терен.

Полициски екипи, противпожарни служби и други институции работат на обезбедување на местото, утврдување на причините за незгодата и што побрзо нормализирање на сообраќајот.

Поврзани содржини