ГО ПРАШАЛЕ ЗА КОГО НАВИВА, ПА МУ ГИ ГОРЕЛЕ ГЕНИТАЛИИТЕ НА 15-ГОДИШНО ДЕТЕ Стравичен напад во Земун, на момчето му пукнале црниот дроб и слезината
Десетмина го нападнале момчето на улица со стапови, а поради тешките повреди детето е на интензивна нега.
Во белградската општина Земун во четвртокот вечерта 15-годипно момче (15) било тешко повредено во брутален напад што го извршиле неколку маскирани лица, потврди Третото основно јавно обвинителство во Белград.
Според досегашните информации што ги објавија српските медиуми, нападот бил планиран.
Според сомневањата, два автомобила пресретнале група малолетници, по што од возилото излегле неколку непознати лица со фантомки на главите. Ги прашале децата „за кого навивате“, по што другите момчиња успеале да избегаат, додека 15-годишникот останал на лице место.
Напаѓачите брутално го претепале детето со дрвени стапови. Од ударите тоа има сериозни телесни повреди, вклучувајќи масивно внатрешно крварење, оштетување на црниот дроб и на слезината, како и тешки изгореници на нозете и на гениталиите, кои му биле нанесени од запалена факел.
Детето е на интензивна нега во Институтот за мајки и деца во Белград.
Третото основно јавно обвинителство почна итна истрага за стравичниот напад.
„Запленети се видео снимки од приватни куќи, продавници и од градските камери на улицата Угриновачка, како и од сите можни патишта за бегство кон Нов Белград и кон Алтина. Се проверува комуникацијата преку мобилни телефони во критичниот временски период, за да се утврди кои броеви биле активни на таа локација. Од местото на настанот се запленети траги и предмети што може да содржат биолошки материјал од напаѓачите“, соопшти обвинителството.
Поради сериозноста на повредите, постои можност кривичното дело да се преквалификува од тешка телесна повреда во обид за тешко убиство.