РУСИЈА СЕ ЗАКАНУВА СО ОДГОВОР Захарова тврди дека Украина се обидела да ја нападне резиденцијата на Путин

Русија најави одговор откако обвини дека Украина се обидела да ја нападне резиденцијата на Владимир Путин, додека Киев ги отфрла тврдењата како неосновани.

1,084

Русија ќе одговори на, како што тврди Москва, обидот за украински напад врз резиденцијата на претседателот Владимир Путин, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Ќе има одговор на ова – рече Захарова во изјава за националната телевизија.






Таа го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека со вакви потези, според неа, ја поткопува можноста за мировни преговори.

– Во време кога Западот беше подготвен да се движи кон мир и сложени, повеќеслојни разговори, овој, како што го нарече, „терористички ренегат“, спроведува вакви напади. Ова е демонстративен чин – изјави Захарова.

Од друга страна, Москва досега не достави докази со кои би ги поткрепила тврдењата за обид за напад врз резиденцијата на Путин. Киев, пак, ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и како обид да се нарушат или одложат евентуалните мировни разговори.

Поврзани содржини