СКОПЈАНЕЦ ДОБИ РЕКОРДНИ 11.225.392 ДЕНАРИ Празнична ВЛТ Џекпот магија на Видеолотарија

Рекордната РОЈАЛ ЏЕКПОТ добивка е освоена на ВЛТ локацијата Спортлајф Трејд во Скопје, на 27.12.2025 година. Ова е третата освоена РОЈАЛ ЏЕКПОТ добивка, но и прва со ваков рекорден износ.

42

Скопјанецот Б.А. ќе влезе во 2026 година со голема радост и уште поголема возбуда. Тој е најновиот среќен добитник кој ја почувствува празничната магија во последниот викенд од 2025 година, освојувајќи ја досега највисоката џекпот добивка – РОЈАЛ ЏЕКПОТ.

– Цел викенд не спиев од возбуда. Имам освоено и неколку помали добивки, но ова беше вистинско изненадување. Со другарите се радувавме цел викенд. 2026 година ќе ми биде многу убава – вели среќниот добитник






Б.А. ги сподели и своите планови за освоените 11.225.392 денари.

– Прво ќе си купам нов автомобил, а потоа ќе ги исполнам и другите новогодишни желби. Сега е вистинско време за радување – рече тој.

Рекордната РОЈАЛ ЏЕКПОТ добивка е освоена на ВЛТ локацијата Спортлајф Трејд во Скопје, на 27.12.2025 година. Ова е третата освоена РОЈАЛ ЏЕКПОТ добивка, но и прва со ваков рекорден износ.

Видеолотарија Касинос Австрија, следејќи го интересот и задоволството на своите верни играчи, од 01.12.2025 година ја активираше новата дополнителна џекпот добивка – РОЈАЛ ЏЕКПОТ, со износ од 8 до 12 милиони денари.

Првиот РОЈАЛ ЏЕКПОТ беше освоен во Струмица на 08.12.2025 година, а вториот во Охрид, вреден фантастични 10.641.052 денари. Покрај РОЈАЛ џекпот, активни се и добро познатите џекпот добивки – Милионер и Мини Џекпот.

Побарајте ја најблиската ВЛТ локација, уживајте во празничната магија и забавувајте се одговорно.

Поврзани содржини