ФИЛИПЧЕ ПОЛЕТАЛ, АМА НЕ ЗА ДУБАИ?! Бихаќка не кажува каде се упатил Венко, но тврди дека Мицкоски се спремал да нарача „нов авион за лични потреби“

463

Претседателот на СДСМ Венко Филипче патува со редовна комерцијална авиолинија и секако не оди во Дубаи, се вели во соопштение од Бихаќка.

„Тој не е во можност, како Мицкоски и неговиот криминален клан, да го користи авионот на Владата за приватни потреби, ниту пак нарачува приватни авиони како нив.






Мицкоски изнајмуваше приватен авион од Истанбул до Будимпешта што граѓаните ги чинеше 2,6 милиони денари, за него, министрите и бројните кабинети. Со себе во владиниот авион носат и сомнителни бизнисмени од арапските земји за кои допрва ќе се открива зошто.

Она што граѓаните сè уште не го знаат е дека Мицкоски се спрема да нарача нов авион за свои лични потреби, кој ќе се плати со пари на граѓаните“, се вели во соопштението.

„По сите овие прашања, не би нè изненадило ако уште утре одржат прес-конференција на оваа тема. Веројатно Венко Филипче ќе биде виновен што Венеција тоне, а секако повторно ќе се појави и онаа измислена зграда – ни помалку ни повеќе од 42 ката. Можеби ќе кажат дека гради солитер и на плоштадот Свети Марко во Венеција. Кој знае? Ќе видиме наскоро до каде оди нивната фантазија“, пишува СДСМ.

Поврзани содржини