ИМАВМЕ ПРОДУКТИВЕН ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР Трамп се слушнал со Путин пред средбата со Зеленски

Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида е одложена за денеска во 13 часот по локално време, односно во 19 часот по централноевропско време.

186

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека, пред средбата со Володимир Зеленски, разговарал по телефон со рускиот лидер Владимир Путин.

„Тукушто имав добар и многу продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател Путин пред мојата средба со Зеленски“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

 






;

 

Кремљ потврди дека денеска се одржал телефонски разговор меѓу Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Портпаролот на рускиот лидер, Дмитриј Песков, ја потврди оваа информација за државните новински агенции, но без да даде дополнителни детали.

Потврдата од Москва дојде откако Трамп претходно го опиша разговорот како „добар и многу продуктивен“.

Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида е одложена за денеска во 13 часот по локално време, односно во 19 часот по централноевропско време.

Поврзани содржини